Визит карти

Визит карти

Она што е лична карта за поединецот тоа се визит карти за бизнисот. На неа се содржани сите важни податоци за Вашиот бизнис и за Вас како професионалец.

Вообичаено визит карти се разменуваат на деловни состаноци и при запознавање на деловни соработници и идни клиенти. Сите визит карти обично содржат лого и име на фирмата, името на давателот, позицијата во фирмата, адреса, телефон, веб адреса, е-маил.

Иако во почетокот визит картите беа само црн текст на бела хартија, денес со развојот на технологијата изработката на визит картата може да претставува и мини ремек дело.

Во ера на развој на бројни бизниси и компании конкуренцијата станува се поголема. Не заборавајте дека имате само една шанса да оставите добар прв впечаток. Визит картата зборува за Вашиот бренд и е добар и ефикасен начин да импресионирате некого, да остварите прв контакт со своите клиенти, а потоа секако и да го одржите.

Вообичаено визит карти се изработуваат во стандардна димензија 9х5цм или 8,5 х 5,5 цм. Но секако, нема правила кога е во прашање дизајнот на визит карта. Дозволени се нестандардни облици, УВ лак, матирани, со заоблени краеви, едноставни, но софистицирани...важно е тие на правилен начин да ве издвојат од останатите. Добро осмислената визит карта, и уште поважно квалитетно изработена визитка ретко кога е изгубена или фрлена, напротив Вашата визитка ќе биде пример за другите.

Визит карти се печатат во една, две бои или четири (колор), со можност да се додаде пантонска боја (златна или сребрена). Доколку сакате полуксузна изработка, постои можност да се изработи златотиск со златна или сребрена фолија или да се стави сув жиг. Визит картите може да бидат и пластифицирани во мат или сјај, исто така може да се стави обичен или УВ лак.

Најчесто визит картите се изработуваат на тип на хартија 300-350 гр картон и друг тип на модни картони од палета на фабриано, федригони и др.

Изработете квалитетни визит карти и импресионирајте ги Вашите потенцијални клиенти.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти