Пликоа се изработуваат најчесто машински и ги има во слободна продажба во формати А5, Б5, американ (21х11), Б6, Ц4, Б4, А4, А3..истите најчесто се самолепливи (со силиконска трака).
Пликоа се изработуваат и во помали тиражи на разни типови на хартија од 80 гр до 250 гр кунздрук или офсет, а може да се изработат и на разни типови на модни картони, фабријано и федригони и на различни грамажи од 100 до 240 грама.
Може да се печатат во една, две или колор, со пантонски бои, со користење на УВ лак (селективен), со можност за ставање на сув жиг или златотиск (златен, сребрен или холограмски). За изработка на пликоа (коверти) се користи алат- штанц форма за нивно обликување, а по завршување на процесот на штанцање истите се лепат и се додава дуплофанска трака за затварање на пликоа. Пликоа се печатат во офсет, а може и дигитално.
Дозволете да ви помогнеме околу создавањето на вашиот корпоративен идентитет!