Флаери се опиплив тип на реклама, практични и соодветни за презентација на секаков тип на фирми – трговски друштва, институции, даватели на услуги и производители.
Флаери се користат за рекламирање и промоција на нови и постојни производи и услуги како и за промоција на културно – забавни настани и општествени движења (граѓански акции, хуманитарни забави, еколошки движења и сл).
Флаери се печатат во една, две бои или колор (4 бои), со пантони, еднострано или двострано, во разни димензии: 10х20, А5 -21х14,8цм; А4 -21х29,7цм; А3 – 29,7х42цм; Б5 – 25 х 17,5цм. Печатењето на флаери е можно и во многу други изведени димензии – со обезбедување на максимална искористеност на хартијата.
За А или Б формат како грамажа на хартија се користи од 80гр. до 300гр. кунздрук во мат или сјај изведба, а во ретки прилики и на офсетна хартија во распон од 70 до 140 грама.
Флаерот може да биде еднолистен, но може да биде и превиткан на два, три или повеќе делови во зависност од форматот во кој се печати. Заради подолготрајна употреба и заштита флаерите можат да бидат лакирани со обичен или УВ лак како и пластификат, мат, сјај или велвет.
Винсент Графика - Печатење на флаери. Од идеја до финален производ.