Покани и програми

Покани и програми

Самите покани и програми имаат намена за повикување на луѓе, клиенти и соработници на одреден настан, промоција, отворање на нов објект, дуќан и слично, како и за одбележување на одредени историски настани, годишнини, свечености, јубилејни настани.

Содржината на една покана или програма за одреден настан се состои од податоци за време (ден и час) и место на одржување на настанот, како и временска рамка на активностите кои ќе се одвиваат во текот на настанот.

Покани најчесто се изработуваат на претставителни модни картони од 250 до 300 гр како и на кунздрук со иста големина. Стандардни димензиите на покани најчесто се 20х10, 40х10 , А5 формат (21х15) А4 формат (21х300), со или без преклоп. Секако одредени покани може да бидат и во други (неправилни) форми при што се подготвуваат посебни штанц форми – алати за нивно форматирање. Поканите и програмите може да се печатат во една боја, две бои, колор (фул колор), или пантонска боја. Програми најчесто се изработуваат на кунздрук од 150 до 300 гр, а во некои случаи и на модни картони.

Димензиите на самите програми може да бидат различни како и кај поканите, со тоа што програмите содржат поголем број на страници (и по неколку десетина – во зависност од обемот на програмата и должината на настанот).

Повеќе од само мастило на хартија.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти