Планери

Планери

Планери се изработуваат во повеќе димензии и може да бидат Б3, А2, А4 или некој друг прилагоден формат. Најчесто содржат околу 52 до 55 листа, во кои се претставени неделите во годината и истите се изработуваат заради полесна организација и планирање во работењето.

Најчесто самите планери (внатрешноста) се изработуваат на офсетна хартија  70, 80 или 90 гр. Подлошката најчесто е комбинација на сива лепенка каширана со платно.

Постојат и други типови на планери кои се поврзани со спирала со и без подлошки. Печатењето може да биде во една, две или колор. Најчесто се користи офсет техника, а може и дигитална штампа.

Совршена маркетинг алатка за промоција на вашиот бренд на подолг временски период!


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти