Папки и меморандуми

Папки и меморандуми

Папките се дел од рекламниот материјал на секоја компанија и се користат за складирање и чување на материјали, при презентации, настани, состаноци, за чување документи, предмети и слично.

Со развојот на својата компанија и бренд, секоја фирма и трговец поединец има потреба од свој корпоративен идентитет кој меѓу другото се огледа и во печатење на специјализирани папки и меморандуми со логото на Вашиот бренд и податоците на Вашата компанија.

Винсент Графика како печатница ќе се погрижи да го заштеди Вашето време и пари и да Ви обезбеди висококвалитетни папки со дизајн по Ваша желба како и уникатни меморандуми со кои ќе ја презентирате Вашата компанија во секоја писмена комуникација.

Изборот на видот и квалитетот на Ваште папки и меморандуми го правите Вие согласно Вашите желби и преференции.

По правилo папките се печатат на подебела хартија во опсег од 150 гр/м2. до 350гр/м2 (во некои случаи и 400- 500 гр/м2), мат или сјај кунздрук. Има примери на печатење на модни картони (фабриано – федригони) во една, две или повеќе бои (колор). Додека, печатењето на меморандуми најчесто оди на 80г или 90г хартија. 

Печатењето на папки може да биде еднострано или двострано со можност за нанесување на лак, УВ лак. Заради заштита и долготрајност на папките можат да бидат пластифицирани со мат или сјај пластифика, едностран или двостран. УВ лакот може да биде селективен.   Папките може да се печатат во една боја, две бои, колор (фул колор), или пантонска боја и печатење со УВ сепаративен лак. Папките можат да бидат во повеќе димензии (А4 или А5), но вообичаено е да бидат поголеми од А4, како би можело во нив да се вметнат материјали со димензија А4. 

Самите папки меѓу себе се разликуваат по формата на крилцата и нивната дебелина (со „грб“ или без него).

За производство на папки задолжително се изработува алат за штанцање, и многу ретко тие не се од еден дел.

Погледнете ги нашите пакети за печатење на папки и меморандуми и претставете се во деловниот свет со препознатлив и уникатен стил.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти