Книги - Монографии

Книги - Монографии

Нема ништо поубаво од мирисот на нова книга во вашите раце, зар не?

Самите книги како изданија имаат повеќекратна намена, во областа на образование (училишни книги), белетристика (романи, поезија, биографии, монографии итн).

Печатење на книги, оди најчесто на 80-90 гр офсетна хартија, во бела или жолтеникава боја. Внатрешноста се печати во една боја, а кориците најчесто се колорни и се печатат на 250-350 грамски кунздрук.

Заради заштита се користи пластификат (мат или сјаен), а по желба може да се стави и УВ селективен лак на корицата на книгата или монографијата.

Внатрешноста на книгите или монографиите може да се печати во една или повеќе бои (колор), со или без УВ селективен лак. Пластификацијата на корицата е нужна од причина што монографиите најчесто се изработуваат во тврд повез исто како и дел од книгите кои имаат поголем број на страни со цел да се обезбеди поголема трајност во употребата на истите. За изработка на монографиите се користи хартија кунздрук, мат или сјаен, во опсег од 80 до 170 грама, а корицата најчесто е колорна и изведена во тврд повез со или без надкорица.

Корица и надкорица се печатат во една, две или колор изведба со употреба на пантонски бои – по потреба и во зависност од дизајнот.

Поврзувањето на страниците на книгите најчесто се изведува со топло лепење на биндер или во тврд повез (книги и монографии) кога прво се шијат на специјални машини, па потоа се укоричуваат – лепат.

Дозволете ни со нашето 20 годишно искуство во печатење на книги да ви помогнеме со сите ваши барања.


Врвен квалитет и извонредни цени!

Наши клиенти